сабота, 27 јули 2024

Лидерот на Венеција вели дека е храбар како Марко Поло поради влезниците во градот

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро ја спореди „храброста“ на својата одлука на посетителите да им наплаќа дневна влезница во градот со храброста на легендарниот венецијански истражувач Марко Поло.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Венеција ќе стане првиот град во светот што ќе донесе таква мерка кога долго дебатираната наплата од пет евра ќе стапи на сила кон крајот на овој месец, објави Гардијан.

Бруњаро рече дека целта не е да се заработат пари за касата на Венеција, туку да се „одбрани“ градот во лагуната, кој привлекува околу 40.000 посетители дневно, и да се направи попогоден за живеење. Билетите може да се резервираат онлајн за периодот од 25 април до 14 јули, кога најмногу посетители доаѓаат во Венеција.

Венецијанските власти сметаат дека 2024 година е експериментална фаза на иницијативата. „Ние имаме должност да ги зачуваме големите историски центри на светот“, изјави Бруњаро пред новинарите во Рим. Тој истакна дека низ историјата никој не ризикувал да проба такво нешто и дека ниту еден политичар нема да го направи тоа што тој ќе го направи.

„Ако успее, сите ќе кажат дека е банално, а ако не успее ќе предизвика критики и лош впечаток“, посочи тој. Посетителите кои ќе престојуваат во Венеција еден ден ќе добијат кју-ар код по резервација на билет, која е потребна само за пристап до историскиот центар на Венеција.

Проверки ќе се вршат на различни пунктови и оние кои немаат код ризикуваат казна до 300 евра. Жителите, луѓето кои работат во Венеција, студентите и децата под 14 години се ослободени од режимот, како и туристите кои преноќуваат.

Критичарите велат дека мерката е „противуставна“ и ја ограничува слободата на движење и може да ги одврати посетителите да дојдат во Венеција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ