понеделник, 30 септември 2024
Фатах Шариф Абу ал-Амин

Лидерот на Хамас во Либан убиен во воздушни напади на југот на земјата

Палестински Хамас денеска соопшти дека лидерот на тоа движење во Либан е убиен во напад на југот на земјата, каде што израелската армија спроведува операции против либански Хезболах.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Фатах Шариф Абу ал-Амин, лидерот на Хамас во Либан и член на раководството на движењето во странство, е убиен во напад на неговата куќа во кампот Ал Бас во јужен Либан“, се вели во соопштението на Хамас.

Официјалната либанска новинска агенција АНИ извести за воздушниот напад врз кампот во близина на градот Тир, на југот на земјата.

Либанското проиранско движење Хезболах, кое е цел на израелски напади, го поддржува Хамас во неговата војна против Израел во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ