петок, 26 јули 2024

Лидерите на сите земји на ЕУ за прв пат објавија заедничка изјава за Израел и Газа

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија денеска објавија соопштение во кое нагласуваат дека Израел има право на самоодбрана во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Објавено на

часот

Сподели

По терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас врз Израел на 7 октомври, повеќе претставници на земјите-членки на ЕУ и европските институции го истакнаа правото на Израел на самоодбрана, при што мора да го почитува меѓународното хуманитарно право, за прв пат се дава ваква координирана изјава од лидерите на сите земји.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го посети Израел на крајот на неделата, го истакна правото на земјата на самоодбрана, но не ги спомена обврските за почитување на меѓународното хуманитарно право. Како резултат на тоа, Фон дер Лајен беше критикувана во дипломатските кругови затоа што директно не го повика Израел да го почитува меѓународното право во војната во Појасот Газа.

„Нема оправдување за теророт. Силно го нагласуваме правото на Израел на самоодбрана во согласност со хуманитарното и меѓународното право наспроти ваквите насилни и неселективни напади“, се вели во изјавата на 27-те лидери на земјите членки, која беше договорена викендов.

„Ја повторуваме важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време и во согласност со меѓународното хуманитарно право“, се додава во соопштението.

Во соопштението, исто така, остро се осудуваат бруталните терористички напади на Хамас и се изразува жалење за загубените животи.

Лидерите го повикуваат Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците. Тие, исто така, повторуваат дека е важно да се обезбеди итна хуманитарна помош и изразуваат подготвеност да продолжат да ги поддржуваат цивилите во Газа, но оваа помош да не се злоупотребува од терористичките организации.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика итен видео-самит за вторник попладне, на кој лидерите на ЕУ треба да дефинираат заеднички став за ситуацијата на Блискиот Исток по нападот на Хамас врз Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ