сабота, 9 ноември 2024

Лидерите на ЕУ: Европа, по враќањето на Трамп, мора да ја преземе контролата врз својата судбина

Враќањето на Доналд Трамп на местото претседател на Соединетите Американски Држави доминира на неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија во Будимпешта, а нивната генерална порака е дека Европа мора да ја преземе контролата врз својата судбина, јавува белгиската новинска агенција Белга.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на ЕУ вечерва дебатираат за конкурентноста на економиите на европскиот блок од 28 земји.

Претседателот на Европскиот совет во заминување Шарл Мишел, на кого ова му е последен европски самит, е убеден дека лидерите на Унијата можат да излезат пред јавноста со декларација која може да послужи како рамка за јакнење на таа конкурентност.

Реизборот на републиканецот Трамп, по четири години власт на претседателот Џо Бајден од американската Демократска партија, го интензивира „чувството на итност“ меѓу Европејците, кажа поранешниот претседател на Европската централна банка Марио Драги, претставувајќи нов извештај.

Според него, она што ЕУ итно мора да спроведе е „фрагментација на заедничкиот пазар и унијата на европски пазари на капитал“.

Премиерот на Белгија во заминување Александер де Кро оцени дека реизборот на Трамп би можел да послужи како катарза за Европската Унија.

„Тоа би можело да нè направи посилни“, кажа Де Кро и додаде: „На Европа понекогаш ѝ се потребни такви моменти, во кои се соочува со фактите. Тоа може да пружи нов поттик“.

Претседателот на Франција Емануел Макрон вчера ѝ се обрати на јавноста со повик до Европа својата улога на светската сцена да ја врши со повеќе самодоверба од претходно.

„Прашањето со кое се соочуваме гласи: дали сакаме да читаме историја која ја пишуваат други, или сакаме историјата да ја пишуваме самите? Мораме да преземеме акција, да ги браниме нашите национални и европски интереси, да веруваме во нашата стратегиска автономија, во нашиот суверенитет, бидејќи не можеме да бидеме статисти“, кажа Макрон.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги замоли лидерите на ЕУ да пружат дополнителна поддршка на Киев и да не прават никакви отстапки пред Русија, бидејќи тоа би било „самоубиство за цела Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ