сабота, 27 јули 2024

Лицето кое го крена албанското знаме на Попова Шапка е на слобода

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме, на Абдулахи во полициската станица му биле земени отпечатоци од прсти, бил фотографиран (дактилоскопиран, според речникот на полицијата) и денеска во еден часот по полноќ бил пуштен. 

Рано утрово на Попова Шапка беше Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство, партијата на бранителите, и информираше дека знамето веќе било симнато. Тој го повика директно Али Ахмети, претседателот на ДУИ, јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин.

Вчера две маскирани лица го симнале знамето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

                                                                                                                                                                      А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ