сабота, 27 јули 2024

Лицата со дијабетес најавија протест, Меџити им вети дека додека е тој министер доцнење на лекот нека да има

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на денешниот разговор со министерот за здравство каде беа присутни и стручни служби на Mинистерството, надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

„Правиме се во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментот течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Mинистерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2“, информираше Меџити.

Им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепена комисија при Државна комисија по жалби за јавни набавки – одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

„Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцни, таа требала да се започне уште во декември од претходното раководство“, истакна Меџити.

Од СЗДСМ истакнуваат дека сите рокови се поминати и оти дошло време да си го земат тоа што им следува согласно Уставот, законите и буџетот.

„По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме“, нагласуваат од СЗДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ