сабота, 19 октомври 2024

Личните карти чиј рок не е истечен, ќе важат и по 12 февруари 2024 година, за пасошите никој ништо не кажува

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР). Што се однесува до пасошите засега никој од надлежните не кажува што ќе се случува со оние граѓани што имаат важечки пасоши, а кои до февруари годинава нема да успеат да ги заменат со референцата „северна“.

Објавено на

часот

Сподели

МВР  како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.

„За таа цел, ги информираме граѓаните, дека личните карти со називот на државата ‘Република Македонија’ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година“, соопштија од МВР. 

Што се однесува до пасошите засега никој од надлежните не кажува што ќе се случува со оние граѓани што имаат важечки пасоши, а кои до февруари годинава нема да успеат да ги заменат со референцата „северна“.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за евентуалното пролонгирање на рокот на важност на пасошите во кои пишува Република Македонија не разговарал со грчките власти бидејќи, како што рече, обврската ја презел претседателот на државата.

„Може да се донесат законски измени, но станува збор за документи за надворешна употреба и потребен ни е некаков договор со грчките власти“, рече Ковачевски.

На ова веднаш реагираше претседателот Пендаровски.

„Како што и претходно информиравме, претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.
Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, се вели во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ