сабота, 27 јули 2024

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено на

часот

Сподели

Одговорноста на банките кон своите клиенти е пред сѐ да ги слушнат и разберат нивните потреби, а со тоа и да обезбедат квалитетни, транспарентни и ефикасни услуги. Истовремено, важна улога на банките е да ги советуваат клиентите во носење на најдобри финансиски одлуки согласно нивните лични потреби и можности, кои ќе овозможат долгорочни бенефити за поединците, бизнисите и целокупната економија.

Не секој од нас има доволно познавања од економската област, па од таа причина се создаваат многу нејаснотии при изборот на соодветни услуги и продукти кои ги нудат банките. Тргнувајќи оттаму, секој има потреба од информации од стручни лица кои ќе ни ги разјаснат сите недоумици.

Водени од својата одговорност кон клиентите, Прокредит банка ја менува традиционалната дефиниција за банкарската дејност нудејќи целосно дигитализиран пристап до услугите, што на вработените кои се во контакт со клиентите им дава можност да се посветат на квалитетна услуга и персонализиран пристап кон секој клиент. Препознавајќи дека сите клиенти се еднакво важни и заслужуваат професионален совет, во Прокредит банка секој клиент добива личен советник кој посветено ги слуша и разбира индивидуалните потреби на клиентите, изготвува детални анализи и проекции, се со цел да обезбеди решение кое најмногу ќе одговара на нивните индивидуални потреби.

Дознајте повеќе за работата на личните советници од Прокредит банка низ приказната на Афродита и Христијан кои велат дека банката е таму каде што се наоѓа клиентот.

                                                                                                                                      Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ