сабота, 19 октомври 2024

Лице од Ресен во Косово пласирал стотици илјади евра фалсификувани монети

Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во МВР, во Скопје произведувал фалсификувани монети од по 2 евра и стотици илјади евра досега биле однесени во Косово. Ова е резултатот на двогодишната заедничка акција на македонските и косовските истражни органи.

Објавено на

часот

Сподели

За потребите на оваа голема меѓународна истрага беше формиран заеднички истражен тим меѓу косовското Специјално обвинителство и други истражни косовски органи и Основното јавно обвинителство Скопје и други македонски истражни органи.

На 4 август овој тим во Косово уапси државјанин на Македонија од Ресен за кого постои сомневање дека произведувал и пуштал во оптек во Косово стотици илјади фалсификувани метални евромонети во номинална вредност од по 2 евра. Во Скопје беа извршени претреси на три локации при што беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите. Сите тие ќе бидат предмет на натамошно вештачење.

По наредба на специјалниот јавен обвинител на Косово, македонскиот државјанин беше привремено задржан 48 часа, по што до надлежниот суд е доставен предлог за негово обезбедување во текот на постапката.

Оваа операција во целост е поддржана од Европол и од Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за успешна реализација.

Истражните органи од Косово и Македонија остануваат посветени на заедничките напори за сузбивање на криминалот кој ги нарушува финансиските текови и соодветно ќе ја информираат јавноста за текот на постапките, соопшти ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ