сабота, 19 октомври 2024

Лице од Крушопек е приведено откако предизвикало пожар

Во село Крушопек, Скопско, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х. (60) од Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ