сабота, 18 јануари 2025

Лицата кои утре ќе скокаат по светиот крст да внимаваат, советуваат лекарите

Лицата кои утре ќе скокаат по светиот крст да бидат исклучително внимателни, претпазливи и сериозни, советуваат лекари.

Објавено на

часот

Сподели

Тоше Бојчевски, раководител на Итната медицинска помош во Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип денеска изјави дека ако се земе предвид студеното време и ниските температури, лицата треба да бидат здрави, со потврда од матичен лекар. Пред да се влезе во вода не треба да консумира алкохол и во студените води не треба да се задржуваат повеќе од три минути. На таков начин ќе се избегне шок на телото, премрзнување, односно хипотермија.

„Имајќи ги предвид временските услови и ниските температури на водата, повикуваме на исклучителна внимателност, претпазливост и сериозност. Треба да потенцираме дека никако не треба предвреме да се влегува во водата. Лицата кои ќе влегуваат во водата да носат обувки и никако да не се задржуваат повеќе од три минути. При излегувањето да облечат сува и топла облека. Ова е важно за да се избегне опасноста од смрзнатини и хипотермија на телото. Пред да се влезе во вода никако да не се консумира алкохол, бидејќи може да се постигне спротивен ефект и да дојде до побрзо премрзнување“, вели Бојчевски.

И во самото пријавување, граѓаните кои сакаат да скокаат по светиот крст, треба да приложат потврда од матичен лекар дека се здрави. На тој начин се избегнува можноста од несакани последици по влегувањето во студените води.

Во Штип утре светиот крст ќе биде положен во водите на реката Брегалница на две локации, од кои едната е во старата населба Ново Село, а втората е кај детската градинка Астибо. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ