петок, 27 декември 2024

Либански Хезболах изврши втор напад врз израелска поморска база за 24 часа

Либански Хезболах денеска објави дека истрелал ракети врз израелската поморска база во близина на Хаифа, во северниот дел на Израел, во вториот таков напад во последните 24 часа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е одговор на нападите и масакрите извршени од израелскиот непријател во Либан“, рече Хезболах, прецизирајќи дека цел била поморската база Стела Марис северозападно од Хаифа.

Тоа проиранско движење вчера објави дека ја нападнало таа база со ракети, наведувајќи ги истите причини.

Во одвоено соопштение Хезболах наведе дека денеска истрелал ракети врз воздухопловната база Рамат Давид, која се наоѓа на околу 45 километри од израелско-либанската граница.

Хезболах истрелува проектили врз Израел од 8 октомври 2023 година, еден ден по почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа, предизвикана од нападот на Хамас на израелска територија. Хезболах вели дека дејствува како поддршка на Хамас.

Од 23 септември Израел спроведува интензивни напади во Либан, а од 30 септември започна копнена офанзива на југот на Либан.

Израел вели дека сака да го неутрализира Хезболах за да овозможи да се вратат околу 60.000 жители во северен Израел, раселени поради постојаните ракетни напади од почетокот на војната во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ