петок, 3 јануари 2025

Левица: Просветниот инспекторат е заробен од ДУИ

Државниот просветен инспектор – Сенад Сулејмани, наместо да изврши увид во посочените неправилности како непочитување на реонизација, непочитување рокови за упис на ученици во прво одделение, непочитување на Статутот на училиштето, единствено ја констатирал состојбата дека во училиштето се запишани пет ученици-Албанци и врз основа на таа констатација бара измени во Статутот на училиштето, се вели во реакцијата на Левица по случувањата во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка.

 

Објавено на

часот

Сподели

Таму по протестите на родителите и прекин на наставата со недели, Левица поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат.

„Од каде и како се создале тие пет ученика? Тие не се запишани во рокот за упис како што е предвидено со чл. 60 од Законот за основно образование, туку на средина од првото полугодие, и нивните родители не живеат на адреса во населба Чашка (предвидено во чл.63 од Законот за основно образование). Но, ова инспекторот ‘заборавил’ да го утврди! Заборавил и дека непристрасноста е едно од основните начела на инспекцискиот надзор.

Ги поддржуваме родителите да издржат пред налетот на иредентистичките и незаконските егзибиции од ДУИ, а против државниот инспектор Сулејмани ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ