сабота, 27 јули 2024

Левица со нова иницијатива пред Уставниот суд – внесувањето етничка припадност во изводите

Објавено на

часот

Сподели

„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само со упатство, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! 

Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари. 

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност. 

Оттука, јавно го прашуваме извршителот на Али Ахмети и октроиран премиер, Димитар Ковачески: Дали со воведувањето етничка припадност спротивно на ЕУ регулативата, владата на СДС и ДУИ директно ги загрозува европските интеграции на Македонија? 

Ја известуваме јавноста дека Левица ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, со цел го оспори внесувањето етничка припадност во изводите, како противуставен потег, кој е спротивен на европските практики. Вакви трибалистички решенија се типични за конзервативни општества, со многу силна внатрешна поларизација, додека развиениот демократски свет одамна ги напуштил овие негативни практики“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ