сабота, 27 јули 2024

Левица: Османи ја саботира иницијативата за решавање на статусот на Македонците во Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Ваквата насока на движење е во целосен склад со незастапувањео на интересите на Македонците во Бугарија, кои години наназад се изложени на агресивна асимилација и прогон, додека од другата страна се бара бугарскиот народ да стане конститутивен елемент на државата, внесен во официјалниот Устав.

Македонија зад себе има 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во своја корист, како најсилен аргумент, а воедно и инструмент кој треба да го користи во движењето на процесот, меѓутоа однесувањето на македонското МНР и министерот Османи е тотално сервилно.

Прашањето кое останува отворено е зошто Македонија не ги користи пресудите во своја корист на ЕСЧП и не се залага за својата конвенционална должност во Советот на Европа (европска институција за заштита на човековите права) истите да бидат спроведени?

Индикациите укажуваат дека ваквото недејствување на македонската дипломатија е исклучително како резултат на нејзино „пригушување“ од страна на министерот Османи, што ја потврдува тезата за спремноста на оваа Влада, задоволувајќи ги бугарските апетити, да проголта ново велепредавство за „европски цели“, зошто таму је гледа сламката на спасот“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ