сабота, 19 октомври 2024

Левица: Одбиено Барањето за автентично толкување на Законот со кој би се намалиле платите на функционерите

Објавено на

часот

Сподели

„Членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката е збунувачкиот член кој ги создаде сите недоумици после одлуката на Уставниот суд од месец март годинава, со која платите на функционерите се покачија за неверојатни 78%. Цениме дека забуната е настаната со толкувањето на овој член, односно во ‘просечно исплатената месечна плата’. Имено, Министерството за финансии толкува дека тоа е бруто плата, додека ние мислиме дека граматичкото толкување треба да биде ‘просечната исплатена нето плата по вработен’, бидејќи ако гледаме трудово-правно, исплаќањето на платата или платата која работникот ја носи дома е нето платата, а не бруто платата. Како единствена политичка партија која потегна иницијатива за намалување на функционерските плати, сметаме дека е крајно лакомо и недозволиво во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани“, велат од партијата. 

Со одбивањето на оваа иницијатива од Левица велат дека власта покажува дека работи исклучиво за својот личен интерес и дијаметрално спротивно на интересот на граѓаните, па така, функционерските плати остануваат зголемени за вртоглави 78%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ