сабота, 27 јули 2024

Левица: Националистичка одлука на МО, во Македонија за акушерка може да се учи само на албански

Објавено на

часот

Сподели

Во време кога медицинскиот персонал масовно се иселува од државата, се соочуваме со историски невиден дефицит на стручен медицински кадар, недостасуваат акушерки во речиси сите градови на Република Македонија, Министерството за образование носи скандалозна одлука според која акушерки на македонски наставен јазик не треба да се образуваат.

Го поддржуваме барањето на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и апелираме да се искористат сите правни механизми за овозможување на настава на македонски јазик за акушерки во СМУГС ‘Д-р Панче Караѓозов’.
Потсетуваме дека во услови кога болниците кубурат со медицински кадар, а особено со сестри-акушерки
, распадот во образованиот систем уште повеќе го поткопа распадот во македонското јавно здравство.

Не може да дозволиме етнотрибализмот да го оневозможува образованието на македонски јазик на сметка на национал-шовинистичкото заситување на апетитите на ДУИ и СДС“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ