среда, 19 јуни 2024

Левица: На шверцерски начин беа изгласани законите за коридорите

Објавено на

часот

Сподели

„За да ја заобиколат активната блокада на пратениците на Левица, кои со над 1.000 амандмани го блокираа овој штетен закон, слугите на олигархијата, владата предводена од СДС и ДУИ овој закон го шверцуваа по скратена постапка со т.н европско знаменце – покрај реакциите на загриженост и опасност за корупција од страна на Европската Унија.

Со изгласаните измени се брише ограничувањето на максималниот број на прекувремена работа под плаштот на стратешки интерес. Изгласаните измени кои би требало да важат за работниците постои опасност да се пренесат и во други области. Со овие измени, СДС и ДУИ македонскиот работник го сведуваат на модерен роб, а земјава ја враќаат во средновековието, наспроти тенденциите во европските земји за скратена работната недела.

Левица беше единствената опозициска партија која со филибастеринг активно го блокираше овој штетен анти-работнички закон. Потсетуваме дека истата криминогена коалиција претходно експресно го одби предлогот на Левица за намалување на договорите за определено време, со цел заштита на работникот.

Се потврдува дека оваа анти-народна и квинслишка власт единствено одработува за туѓи интереси, на штета на сите национални и социјални придобивки кои македонскиот народ низ макотрпна борба ги стекнал“, се вели во соопштението на Левица. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ