сабота, 27 јули 2024

Левица: Љубовните проблеми Стевчо Јакимовски да ги решава на друго место

Апелираме уште еднаш, љубовните рани Јакимовски и Мицкоски да ги решаваат надвор од Општина Карпош бидејќи истата не е во нивна сопственост иако изминатите години се однесуваа како тоа да е така, па со низа штетни одлуки трајно го девалвираа квалитетот на животот во Општина Карпош, се вели во реакцијата на Левица по вчерашната изјава на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски со која за недонесувањето на буџетот на Општината ги обвини и Левица, покрај ВМРО-ДПМНЕ и советници од други листи.

Објавено на

часот

Сподели

Левица остро ги осудува, како што е наведено во демантот, лагите искажани вчера на прес-конференцијата на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Од за нас непознати побуди, Јакимовски искажа низа неточни тврдења и лаги поврзани со последната седница од Советот на Општина Карпош, наведува Левица.

„Советничката група на Левица преку поднесување на неколку предлози за програмите дејствуваше целосно конструктивно, а согласно барањата на жителите.

Благодарение на изгласаните предлози на Левица, Советот на Општина Карпош сега ќе има дополнителна алатка за спречување носење штетни детални урбанистички планови, а во однос на субвенционирањето на полагање на возачки испити, сега таа мерка добива на социјален карактер.

Претседателот на Совет, Бранко Ристов постапува исклучиво согласно Законите, Статутот и Деловникот на Општина Карпош и е обврзан да ги почитува истите, без разлика дали тоа му се допаѓа на Јакимовски или не.

Ристов неколку пати јавно, но и на самата седница апелираше до советниците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од неконструктивните амандмани, за што постои и видео материјал.

Оттука, тврдењата на Јакимовски се лажни и смешни и со искажаните индиректни закани нема да ја одврати советничката група на Левица во борбата против урбанистичката мафија и сите штетни активности на Градоначалникот и неговите соработници.

Левица најостро ги осуди и ги осудува амандманите поднесени од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Истите тие ниту се констурктивни ниту се од интерес на Карпошани. Со поднесувањето на овие амандмани очигледна е желбата и побудата кај Мицкоски и советничката група на ДПМНЕ за реванширање кон Јакимовски за нивната пропадната љубовна врска.

Затоа апелираме уште еднаш, љубовните рани Јакимовски и Мицкоски да ги решаваат надвор од Општина Карпош бидејќи истата не е во нивна сопственост иако изминатите години се однесуваа како тоа да е така, па со низа штетни одлуки трајно го девалвираа квалитетот на животот во Општина Карпош“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ