недела, 12 јануари 2025

Левица: Кривична пријава за бесправно градење во Гевгелија

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Гевгелија издала Одобрение за градење – надградба, на објект, куќа, со староградска архитектура во централното градско подрачје на државно земјиште. Согласно законот за градење, надградба значи изведување на градежни работи на постоечки објект со што се влијае на објектот во висина.

Спротивно на тоа, во втора половина на октомври изведувачот наместо да го надгради постојниот објект, го срушил објектот, а надзорот не ги презел своите законски обврски да го спречи тоа. Сето тоа се прави со намера на местото во централното градско подрачје на кое што се наоѓаше стариот објект (куќа), сега почнувајќи од нула да се изгради зградичка составен од приземје, два ката и поткровје.

Сега таму на терен не постои објект за надградба, а има само државно земјиште. Поради ова денес беше поднесена гореспоменатата кривична пријава“, соопшти Левица и не ја исклучува можноста за проширување на листата на пријавени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ