сабота, 27 јули 2024

Левица и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поставуваат споменикот на Ќосето во Општина Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром советниците на Левица поднесоа иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов-Ќосето во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата со мнозинство гласови во Советот на Општина Аеродром беше прифатена.

„Тој споменик без разлика која власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува да фаќа прашина во некое депо и да биде камен на сопнување и играње пинг-понг помеѓу институциите за дневно политички поени“, стои во образложението на Левица во кое се наведува и дека станува збор за македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром, бидејќи неговото име ја носи најголемата урбана населба во општината – населбата Јане Сандански.

Советниците од Левица наведоа дека идеолошки Ќосето бил левоориентиран револуционер.

„Ликот и делото на Андон Лазов Јанев како прв другар на Гоце Делчев и Јане Сандански припаѓа на левото крило на организацијата, кое крило потоа преминувајќи во партизаните од НОБ и го остварила сонот за македонска држава за која се пролеала многу крв и се дале многу млади човечки животи. 

Нешто што квази наследниците на комунистите СДС, кои се всушност најлошиот слој од тогашната црвена буржоазија, која како тогаш и ден денес ги предава левичарските идеи и македонските национални интереси за пусти пари и привилегии не можат да го сфатат, бидејќи се водени од омраза на сѐ што е македонско и љубов на сѐ што е страно и туѓо.

Денес истите тие за привилигиите да крадат од народот уживајќи неказнивост и странска заштита од кривичен прогон, станаа и најголемите врховисти тотално потчинети на неофашистичките апетити на денешна Софија и етнотрибалистичките желби на Мала Речица, надминувајќи го и докажаниот фашистички колаборатор Иван Ванчо Михајлов во (не)делата за кои историјата неминовно ќе им суди“, наведе Левица во своето барање.

За оваа одлука на Советот на Општина Аеродром ќе треба да се бара согласност и од Градот и од Собранието.

Минатиот месец градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побара согласност за враќање на споменикот на Ќосето пред судовите. Ова барање беше одбиено од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој одговори дека согласност мора да се бара од Собранието, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја.

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето беше поставен во 2014 година, а поранешниот скопски градоначалникот Петре Шилегов утврдил дека споменикот бил дивоградба и го отстрани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ