сабота, 21 декември 2024

Левица до Муцунски: Како изградбата на станбени згради на државно земјиште ќе го подобри животот на жителите?

Објавено на

часот

Сподели

„Во третиот предлог ДУП, Муцунски очигледно се откажа од првичниот план за „подобрување на квалитетот на живеење“, но никако не се откажува од маркицата на Голден Арт. Дали оваа маркица ќе му го подобри квалитетот на живеење на Тимчо? Според сопственоста на земјиштето на оваа новопредвидена градежна парцела, Голден Арт поседува 3 парцели, 4 парцели се на приватни сопственици, а 2 парцели се во сопственост на Република Македонија, сите со намена овоштарници/плодни земјишта. Го прашуваме јавно:

– Како изградбата на станбени згради на државно земјиште ќе го подобри животот на жителите?

– Дали агресивното туркање на оваа спорна маркица и евидентниот личен интерес на градоначалиците, ќе ги мотивира истите во иднина уште почесто да ги донираат 78% од платата?

– Дали Муцунски кога веќе сака да изгради објекти со А2 намена на државно земјиште ќе изгради социјални станови?

– Зошто во интерес на квалитетното живеење на Лисичани не им нацрта А1 маркици на Голден Арт, како што ги избриша А2 маркиците од другите парцели?“, прашуваат од Левица. 

Од таму овој процес го нарекоа мафијашки и додаваат дека ќе ја известува јавноста за сите, како што велат, шверцерски потези на градоначанликот Тимчо Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ