сабота, 27 јули 2024

Левица: Директорот на затворот во Штип тепа студенти

Директорот на затворот во Штип и функционер на СДСМ, Мики Тодоров, физички напаѓа студенти. Активистот на Црвена младина и студент Јован Јанев, вечерта помеѓу петокот и саботата, во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари, затоа што е политички активен во Левица. Ако режимот на Груевски ја користеше полицијата за да ги тепа студентите, овој режим директно удира со своите функционери, изјави Амар Мециновиќ, портпаролот на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме Владата да го разреши директорот поради недозволено, недолично и противправно однесување. Бараме Ковачевски да го разреши овој клучен човек на СДСМ во Штип, кој покрај другото во 2017 година, како советник во Штип и секретар во општинскиот одбор, физички го нападнал директорот на ЈКП Исар. Дали ова се скалила за напредување во СДСМ, или е само непресметлива личност за која треба хоспитализиција“, изјави Мециновиќ.

На функцијата директор Мики Тодоров е поставен без соодветно образование, но затоа во негово време, покрај огромниот број бегства, се издвојува бегството на озлогласениот затвореник Красниќи, тврди Левица.

„Затворот во Штип е предмет на сериозни инциденти, тортура и трагедии, на починати за кои не се знаат околностите и причините – за целосна негрижа. Медиумите пишуваат за истраги против затворски полицајци кои примаат поткуп од затвореници. Во времето на Мики Тодоров триесет затвореници во штипскиот затвор штрајкуваа со глад заради тортура и испраќаа ултиматуми до директорот. Наводи велат дека правото на посета е селективно, на осудените од 27 април не им се дозволуваат посети, додека за други посетите се овозможени во текот на целата недела. Дали оваа состојба во затворот ја предизвикува насилната природа на директорот“, праша Мециновиќ.

За неговата дерегулирана состојба, низ медиумите се појавуваат и вести како редовно се заканува со физичко насилство на социјалните мрежи, но за еден ваков мајстор на корумпираноста и насилството, секако дека и непотизмот не е непознат. Со неговото влијание ги вработува својата жена за раководител на сектор во УЈП Штип, а неговата сестра во основно училиште, обвинува Левица.

„Вака изгледа европскиот човек на СДСМ, вака изгледа нивниот европски фронт. Во извештајот на ЕУ за Македонија за оваа година се вели: состојбата во затворите е и понатаму очајна, препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура на притворени и осудени лица не се адресирани, што е крајно загрижувачки. Во извештајот, условите во затворите се опишуваат како нечовечки. СДСМ има една цел, тоа е да остане на власт, да ги заштити своите криминалци и насилници и да продолжи да владее низ насилство и грабеж. Против Мики Тодоров ќе биде поднесена приватна тужба и кривична пријава, додека очите на јавноста се вперени во премиерот во заминување Ковачевски, дали со министерот Спасовски ќе се обиде заташкување на случајот, токму во нивен, европски стил. Поминува нивното време на насилство“, изјави Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ