сабота, 19 октомври 2024

Левица бара платено породилно отсуство за жените кои што работат земјоделие

Објавено на

часот

Сподели

Оваа нееднаква социјална политика сериозно се одразува врз репродуктивното, психолошко и физичко здравје, а за жал и врз здравјето на новороденчињата и децата. Оваа нееднаквост кај земјоделките ги принудува да работат за гол опстанок и доведува до значителни здравствени ризици. Правото на надоместок на плата за време породилно отсуство, по својот социјален карактер значи планирање на семејство и е обврска на државата и треба да е на товар на Републичкиот буџет. Со предложеното законско решение кое го поднесоа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, ќе се заштити мајчинството како основно право на жените загарантирано со Уставот и со меѓународните акти. Жените-земјоделки ќе добиваат паричен надоместок за време на породилно отсуство кое не може да биде пониско од минималната плата. Очекуваме и ги повикуваме сите пратеници и пратенички во собранието да го изгласаат овој наш Предлог-закон во интерес на земјоделките, како една од најранливите категории“, вели Кираџиева.

Според неа Левица ниди трајно законско решение со кое жените-земјоделки ќе имаат гарантирана финансиска сигурност за време на породилното отсуство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ