сабота, 27 јули 2024

Левица: Започнавме правна битка за поништување на срамната одлука со шверцот на ДУП-от во Лисиче

Левица информира дека денеска советникот од партијата Горан Костовски поднесе претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа „за повреда на советничкото право за поднесување амандмани во Советот на Општина Аеродром, партијата наведува дека постои скриено видео од седнцата и најави дека следниот чекор ќе биде кривична пријава до претседателот на Советот.

Објавено на

часот

Сподели

Левица наведува дека претседателот на Советот на Општината Дејан Митески „на крајно дрзок и безобразен начин“ ги прекршил членовите 159 и 161 од деловникот за работа на општинскиот совет со одбивање на барањето на советниците од Левица  за пауза на седницата со цел изготвување на амандмани на предлог одлуката за носење на ДУП во населбата Лисиче.
„Со ова дрско прекршување на деловникот претседателот на Советот на општина Аеродром даде правен основ шверцерската одлука за носење на спорниот ДУП да се поништи уште на почеток од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Претседателот на Советот Дејан Митески знаејќи и самиот дека постапи незаконски и неделовнички со ускратување на правото на избраните советници да поднесуваат амандмани најверојатно наредил до службите да го скријат како приватно видеото на Јутјуб од седницата која одеше во живо за јавноста да не може да го посведочи неговото насилничко делување во Советот“, велат од Левица и го наведуваат линкот од, како што се нагласува, скриеното видео.
Следен правен чекор, информира Левица, ќе биде и поднесување на кривична пријава до претседателот на Советот „за несовесно работење во службата поради незаконско одземање на правото на советниците да поднесуваат амандмани по точките на дневен ред во Советот на општината“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ