Оттаму се навраќаат на времето кога актуелната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција и „обвинуваше дека за помалку од три години, фирмата Аитоникс од тогашната влада на Ковачевски за софтверски лиценци добила над 40 милиони евра“.
„Токму ДПМНЕ во опозиција тврдеше дека познанството на Ковачевски со сопственикот на Аитоникс е пресудно за добивање на тендерите и најавуваа дека ќе има одговорност за криминалот со софтверски лиценци. Актуелниот директор на ЈСП, Драги Кушовски потребно е веднаш да изврши проверка на квалитетот и сообразност на тековно испорачаните услуги и изведбата во однос на техничката спецификација.Со оглед на тоа што се работи за милионски договор од претпријатие кое е заглавено во долгови, потребно е раководството итно да испита дали се применуваат прописите, стандардите и техничките нормативи согласно одредбите на договорот? Ја потсетуваме и актуелната влада предводена од Мицкоски дека ветуваше одговорност за криминално склучените тендери на СДС токму со оваа компанија – па оттаму, ги повикуваме да иницираат истражни постапки и за договорот вреден 2 милиони евра, склучен со јавното претпријатие за превоз“, велат од Левица.