петок, 26 јули 2024

Левица со повик до македонските партии: Ајде да потпишеме Македонска платформа и да ги запреме уцените од необалистичките партии

Левица денеска ја објави јавната понуда за потпишување Македонска платформа од сите промакедонски политички партии, со цел утврдување национален консензус заради превенција од постојните уцени при составување Влада, кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство (потписници на т.н. Тиранска платформа), а со единствена цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Платформата содржи 5 точки:
1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства;
2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии;
3. ИДЕНТИТЕТ – распуштање на т.н. историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот;
4. СЕКУЛАРНОСТ – строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции и нивно одданочување;
5. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ – строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации, соопшти Левица.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ