Тие предлагаат:
Спроведување на итни инспекциски надзори, изрекување казни и забрана за работа на загадувачите за кои се утврдило дека загадуваат повеќе од дозволеното;
Машинско чистење на улиците од насобраната прашина со специјализирани возила за перење и правосмукање;
Поставување на високоефикасни електростатски филтри на оџаците на сите големи индустриски капацитети кои загадуваат, како што се „Цементара”, „Железара”, „Макстил”, „Југохром”, „Дрисла”… како и инсталирање прецизни сензори за мерење на емисиите;
Враќање на акцизата за јаглен-кокс, со цел дестимулирање на увозот на овој штетен енергенс кој се користи во тешката индустрија;
Итна акредитација на централната државна лабораторија во Министерството за животна средина за научна и строга контрола на извештаите за квалитетот на воздухот;
Јасни ингеренции за Град Скопје во областа на инспекцијата и итното интервенирање при зголемено загадување, горење на отпад и сл.