сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Левица планира да ја намали возрасната граница за одење во пензија

Носителот на листата за пратеници на Левица во изборна единица (ИЕ) 3, Борислав Крмов денеска од Штип порача дека неговата партија во својата Програма предвидува да ја намали возрасната граница за одење во пензија. Така за жениете е предвидено да одат во пензија на 60, а мажите на 62 години. Крмов денеска даде поддршка на протестот на пензионерите во Штип од каде ја посочи незавидната ситуација во која се наоѓаат македонските пензионери.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме ситуација таа додатна помош од социјалата, којашто ја добиваат, сега, всушност, им е скратена. Власта се фали дека наводно им помогнала. Пензионерите јасно и гласно кажаа, покачување линеарно на сите од 3.500 до 5.000 денари! Минимална пензија од 18.000, дури и 20.000 денари. Тие живеат со 12.000 денари и сега на тие 12.000 земале по 2.000 – 3.000 денари од социјалата како дополнување, како помош и сега тоа е скратено на пола. Замислете, тие пензионери со тие примања немаат ни за храна. Нив, нивните деца им плаќаат сметки и храна, за да преживеат. Јас и како пратеник од ИЕ 3 имав апсолутна поддршка за пензионерите за сите нивни барања“, рече Крмов.

Тој додаде дека Левица во својата Програма има мерки за подобрување на квалитетот на живот на пензионерите.

„Според Програмата на Левица, минималната пензија е две – третини од просечната плата, државни пензионерски домови за пензионерите и намалување на годините за пензионирање, 60 години – за жени и 62 години – за мажи, изјави Крмов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ