сабота, 27 јули 2024

Левица: Одиме на победа, со претседателката Ванковска ќе го срушиме бипартизмот

Левица соопшти дека стана јасно дека професорката Билјана Ванковска ќе настапи како кандидатка на партијата за претседателка на Македонија. „Ќе победиме“, порача Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Кандидатот на Левица, проф. Билјана Ванковска веќе собра над 9.000 потписи во рекордно време, со што станува јасно дека на овие избори, за прв пат, Левица ќе настапи со свој кандидат за претседател на Република Македонија.

Им благодариме на сите наши активисти, симпатизери и поддржувачи на каузата, кои ја дадоа својата поддршка за проф. Билјана Ванковска и ни се приклучија во борбата за рушење на бипартизмот – кој три децении национално, економски и социјално го деградира македонското општество.

Поддршката која ја доби Левица изминатиов период покажува дека македонскиот народ веќе не се плаши од уцените и притисоците на истрошените политички елити и дека доаѓаат нови времиња за Републиката.

Неизмерно сме горди на ентузијазмот на активистите на Левица, кои секојдневно докажуваат дека работите може и треба да се променат. Сите оние кои не успеале да се потпишат за проф. Ванковска, тоа може да го сторат денес до 20 часот, во подрачните канцеларии на ДИК.Ќе победиме!“, соопшти Левица.

Ванковска преку Фејсбук порача:

„Сега ги видовме и официјалните податоци од ДИК за вчерашниот ден – ни фалеа помалку од 1.000 потписи! Знам дека времето малку се наоблачи, роса зароси, ветре поддувна, ама убаво би било и последниот напор денес да го вложиме – зошто, борба нѐ чека, борба за слобода“!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ