вторник, 22 октомври 2024
Реакција

Левица: Одењето по невеста е причина за интерпелацијата за Гаши

Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово и Метохија, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин, реагираат од Левица. Од таму додаваат дека функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани.

Објавено на

часот

Сподели

„Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав. Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко – поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува. Потсетуваме и дека пред само неколку недели, обезбедувањето на Гаши впери пиштол во полициски службеник на скопскиот аеродром. Нагласуваме дека Левица е единствената политичка партија која во својата програма и платформа се залага за укинување на привилегиите за функционерите“, се вели во реакцијата на Левица.

По однос на злоупотребата на службените возила Левица реагира и со неколку мерки.

По однос на злоупотребата на службените возила Левица предлага мерки, укинување на привилегиите, патните трошоци и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта, воведување специјални црвени регистерски таблички за службените возила на државните органи, општините и јавните претпријатија, воведување на задолжителни ‘GPS – локатори’, со цел мониторинг на тоа кој  каде и за што ги вози службените возила, ограничување на бројот на службени возила на министерствата на максимум 3-5 автомобили и воведување лимит од максимум цена на возило. Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба. Луксузирањето на политичарите на сметка на граѓаните не смее да биде пракса“, додаваат од Левица

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ