среда, 16 октомври 2024

Левица обвинува за узурпација на државен имот во старата струшка чаршија

Во самото јадро на старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб, Холивуд, интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење, а сомнежите се дека се узурпира државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба, обвинија денеска во партиското соопштение од Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен! Ги повикуваме советниците во Советот на општина Струга од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да реагираат за конкретниот објект и да побараат информација дали воопшто инвеститорот има одобрение за градба“, реагираат од Левица.

Од партијата најавија дека ќе поднесат иницијатива за вонреден инспекциски надзор со цел да се констатира фактичката состојба на терен. Дополнително, ќе алармираат и до Државниот правобранител за сомнежите дека се узурпира државен имот во срцето на струшката чаршија.

„Јавно прашуваме – дали и новата власт ќе го дозволи дивеењето на урбанистичката мафија?“, прашуваат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ