недела, 12 мај 2024

Левица: Неуставна е апанажата за милионерите Ковачевски и Спасовски од 2.500 евра

Иако минатата година, Уставниот суд со Одлука У.бр.8/2022/1 ја укина апанажата, функционерите – милионери на СДС, Димитар Коваевски и Оливер Спасовски деновиве незаконски побарале и добиле право на апанажа, информира и предупредува Левица и во прилог на соопштението објави и фотографија.

Фото: Левица

Објавено на

часот

Сподели

Како што навеудува Левица, Комисијата за прашања на изборите и именувања, на седница одржана на ден 6.02.2024 година, констатирала дека од страна на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски се поднесени барања за остварување на правото на исплата на апанажа.

„Скандалозно е што собраниската Комисија, со само пет присутни членови, ги усвојува барањата за исплата на апанажа за двајцата поранешни функционери, спротивно на Уставот! Ова значи дека милионерите Спасовски и Ковачевски во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата од 2.500 евра. Иако Ковачевски и неговата сопруга поседуваат милионски бизниси во енергетиката, поранешниот премиер одлучил дека треба да добива плата од државата и наредните 12 месеци (што е спротивно на Уставот).

Потсетуваме дека поранешниот премиер и министер за внатрешни работи го завршија својот функционерски мандат со давање ОСТАВКА од функцијата која ја извршуваа. Согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и сега веќе укинатиот чл. 22, истите НЕМААТ ПРАВЕН ОСНОВ за остварување на правото на исплата на апанажа!

Доколку Комисијата не ја ревидира оваа своја одлука во рок од 3 дена, Левица ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежните органи за утврдување на одговорност за своето работење на сите присутни членови, кои одлучувале по спорната точка“, се наведува во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ