вторник, 28 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Левица најави дека ќе изгради спомен обележје за бранителите во Вејце

Левица денеска претстави идеен проект за спомен обележје кое ќе го изгради во Вејце од позиција на власт, во чест и помен на загинатите бранители од Вејце, кои несебично се жртвуваа во војната во 2001 година, соопшти партијата. Задутре делегација на Левица ќе положи цвеќе на местото каде во 2001 година беа убиени и масакрирани припадници на одбранбените сили на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Масакрот од 2001 година во село Вејце останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи, кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив истите тие кои ги направија овие злосторства беа амнестирани и наградени со удобни фотелји.
„Делегација на Левица на 28 Април ќе положи свежо цвеќе за сеќавање на жртвата на осуммина припадници на специјалната единица Волци кои беа убиени, масакрирани и живи запалени на истиот тој ден пред 23 години. Проектот го изготви м-р Андреа Јанков, координатор на секторот за урбанизам и локална самоуправа на Левица.

А во рамки на политичката кампања, носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов денеска имаше средба со граѓани во Градскиот пазар во Штип, каде што на граѓаните им ја презентираше програмата. Посочи дека граѓаните најтопло ги прифаќаат, бидејќи како што вели, Левица е единствената автентична, непотпуклива опција, а тоа директно го покажале во Собранието.

-Очекувањата во Изборната единица 3 се дека Левица ќе има двајца или тројца пратеници, ова е една од најпатриотските Изборни единици и затоа ние сме толку силни. Значи ова е една работничка и земјоделска изборна единица“, вели Крмов.

Тој посочи дека на парламентарните избори на 8 мај очекуваат поголема поддршка од граѓаните, а како што вели Левица првпат учествувале на претседателски избори и собирале потписи од граѓаните.

„Тоа е еден процес кој се учи, резултатот воопшто не е лош. Сите знаат дека Левица типува на Парламентот и на 8 мај ќе имаме одличен резултат“, изјави Крмов.

Најмалку тројца пратеници во Изборната единица 1 прогнозираше пред два дена лидертот на Левица, Димитар Апасиев.

Партијата учествува со кандидатски листи во сите шест изборни единиц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ