сабота, 27 јули 2024

Левица: Мораториум за националните предавства, а не за меѓупартиските препукувања

Димитар Апасиев, претседателот на Левица на синоќешниот завршен собир во Скопје за првиот круг од претседателските изботи изјави дека е потребен е конечен пораз на СДС, а на Мицкоски му порача дека не е потребен мораториум за напади на Левица, туку мораториум за влезот на Бугарите во Уставот.

Објавено на

часот

Сподели

Апасиев им се заблагодари на скопските ограноци за макотрпната работа. Професорката Билјана Ванковска ги поздрави присутните гости, ги сумираше импресиите од првиот круг и ги постави рамките на понатамошниот курс за во вториот круг – како единствен кандидат против естаблишментот.

На собирот свои говори имаа и кандидатите за пратеници од ИЕ 1 и ИЕ 2, и тоа, Дарја Мустафаоглу која зборуваше за улогата на младите во борбата против политичката олигархија, Дарко Ристовски за македонскиот работник и неговиот интерес како водилка за политичката активност и дискурс на партијата и Катерина Јовановска за досегашното искуство како градски советник во борбата против широката коалиција, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ