четврток, 23 мај 2024
Претседателски избори 2024

Левица: Мирен изборен ден со помали проблеми

Денешниот изборен ден помина мирно во фер и демократска атмосфера, но сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места, соопштуваат од Изборениот штаб на кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше Моника Маневска, портпарол на Ванковска, забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.

Таа истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со апаратот за читање на отисок на прст, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.

Исто така, беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во Избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано за гласачи починати лица, а во некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса, но ги нема во изборниот список.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ