Како што информираше Моника Маневска, портпарол на Ванковска, забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.
Таа истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со апаратот за читање на отисок на прст, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.
Исто така, беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во Избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано за гласачи починати лица, а во некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса, но ги нема во изборниот список.