сабота, 27 јули 2024
Порака до идниот мандатар Мицкоски

Левица ќе гласа за реорганизација на министерствата ако се гласа и за една изборна единица

По прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски, на која тој побара поддршка во парламентот од сите партии за законскиот предлог за трансформација на министерствата, од Левица доби порака дека гласовите може да ги добие од шесте пратеници на партијата доколку прифати Македонија изборно да се трансформира од шест во само една изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица.

„Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов – паралелно со ова да се изгласа и законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите“, наведе Левица во пораката на идниот мандатар Мицкоски.

Од Левица потсетуваат дека од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата.

„Тоа не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение. Потсетуваме дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ