сабота, 27 јули 2024
Изјава пред фабриката

Левица бара ФЕНИ да се национализира и да се врати достоинството на работниците

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се сретнал со вработените пред ФЕНИ и изјави дека партијата бара фабриката да се национализира. Левица има долгорочен план за максимално искористување на суровината, намалување на количината на јаловина, еколошки одржливо производство и достоинствен живот на работниците кои макотрпно работат во еден од најголемите извозни капацитети во државата, вели Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Стартот на производство во тенденциозно ограбениот од оф- шор компании, индустрискиот комбинат ФЕНИ, според најавите, е неизвесен! Причината за ова е што работниците сѐ уште немаат склучено договори за вработување. Главен проблем е тоа што на работниците им се нудат мизерни услови по однос на месечните примања. Згора на тоа, новите сопственици се закануваат со увоз на работници од Косово.

Претходните апели на Левица да се искористи можноста за национализирање на компанијата, која е во една од најпрофитабилните индустрии, беа занемарени од претходната власт! Затоа, повторно упатуваме апел да се преземат потребните чекори за враќање на достоинството на вработените, кои не бараат дополнителни, туку си ги бараат заслужените примања, согласно видот на дејноста што ја извршуваат“, изјави Јанчев пред фабриката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ