петок, 1 ноември 2024

Левица бара 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места

Левица денеска поднесе предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за шумите кој предвидува 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места низ Македонија.

Фото: Столе Атанасов

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на предложените законски измени е да се дестимулира намерното палење на шумите и подметнување шумски пожари. Потенцијални мотиви за подметнување пожари се земјиштето кое било зафатено од пожар да се урбанизира, на него да се изградат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на шумите. Затоа, законските измени коишто ги предложи Левица предвидуваат 50 годишна забрана за било каква урбанизација, изградба на објекти, фотоволтаични централи или сеча на шумите. Усвојувањето на овие измени ќе го направи подметнувањето пожари бесмислено и ќе го дестимулира намерното предизвикување на шумски пожари“, изјави денеска праатеникот Сашко Јанчев на прес конференција во Собранието.

Од Левица ги повикаа останатите пратенички групи да го поддржат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ