„Со ова законско решение предвидуваме работодавачите да обезбедат превоз или целосно да ги покријат трошоците за патување на работниците, како што, впрочем, е уредено и во други земји.
За жал, пратениците кои без срам земаат стотици илјади евра за патни трошоци – не го изгласаа предлот на Левица за ограничување на истите и прекинување на злоупотребите. Сега, очекуваме пратениците коишто беа загрижени за трошоците за доаѓање на работа, да покажат доблест и барем делумно да си ги изедначат правата со македонскиот работник.
Ги повикуваме владејачкото мнозинство да престане со својата политичка ароганција, да ги надминат теснопартиските калкулации и конечно да гласаат во интерес на работниците. Одбивањето на овој предлог ќе биде уште еден доказ за нивната себичност и дека владејачката структура е глува за проблемите и апелот на народот, односно одлепена од реалноста“, се вели во соопштението на Левица.