Во дуелот меѓу двата најдобри тима во Бундеслигата оваа сезона, Баер Леверузек убедливо го совлада Баерн Минхен.
Станишиќ во 18. минута ја најави победата, донесе водство за Леверкузен од 1-0.
По пет минути игра во вториот дел Грималдо зголеми на 2-0.
Во 95. минута кога пред голот на Леверкузен отиде и Мануел Нојер, Фримпонг погоди во празната мрежа на Баерн и ги постави конечните 3-0.
Леверкузен оваа сезона има 31 меч во сите натпреварувања, од нив 27 се победи и четири нерешени. Тимот на Алонсо уште не знае за пораз. Имаат 93 дадени голови и 22 примени.