сабота, 27 јули 2024

Леверкузен беше пред пораз, па со два гола во судиското продолжение победи! (ВИДЕО)

Баер Леверкузен беше на прагот да го доживеа првиот пораз оваа сезона, но тоа не само што не се случи, туку во луд финиш дојдоа и до победа.

Објавено на

часот

Сподели

На првиот меч кај Карабах, Шик во судиското продолжение го спаси Баер Леверкузен, тогаш мечот заврши 2-2.

Сега повторно Шик беше херојот на тимот на Чави Алонсо, овојпат даде два гола во судиското продолжение за победа од 3-2 и пласман во четвртфиналето од Лига Европа.

Карабах поведе со гол на Зубир во 58. минута, а потоа остана со играч поамлку откако Кафакулиев доби црвен картон.

Но и покрај тоа, Жунињо во 67. минута зголеми на 2-0 за Карабах.

Леверкузен со гол на Фримпонг во 72. минута намали на 2-1 и напаѓаше да се спаси.

Конечно дадоа гол во 93. минута преку Шик за 2-2 и кога сите мислеа дека ќе има продолженија, истиот фудбалер даде уште еден гол за победа од 3-2.

Брајтон славеше пирова победа над Рома од 1-0 со прекрасен гол на Велбек. Волчицата со вкупни 4-1 оди понатаму.

Ливерпул со 6-1 ја прегази Спарта Прага. Два гола даде Гакпо, по еднаш погодија Нуњез, Кларк, Салах и Собослаи.

Аталанта со 2-1 го победи Спортинг и со вкупни 3-2 оди понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ