сабота, 27 јули 2024
Франс Фудбал размислува да ја исправи големата неправда

Левандовски сепак ќе добие „Златна топка“?!

Роберт Левандовски би можел да ја добие престижната „Златна топка“, магазинот Франс Фудбал размислува да ја исправи големата неправда која му беше нанесена на Полјакот.

Објавено на

часот

Сподели

Франс Фудбал во 2020 година реши да не ја додели „Златната топка“, магазинот тогаш поради пандемијата на ковид-19 сметаше дека здравјето на луѓето е поважно отколку тоа да се води анализа кој каква сезона одиграл.

Одлуката беше на штета на Роберт Левандовски, кој постигна 55 погодока во сезоната и го предводеше Баерн Минхен до тројната круна и триумф во Бунеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампиони.

За маката да биде поголема, Полјакот следната година тесно загуби од Лео Меси, подоцна дури имаше и гласини дека ПСЖ вршел притисок врз Франс Фудбал за Аргентинецот да ја добие престижната индивидуална награда.

Но како што пренесува денешното издание на Спорт, големата неправда може да биде исправена, Франс Фудбал размислува да му ја додели „Златната топка“ на Роберт Левандовски.

Во моментов не се откриваат повеќе информации, ниту пак кога би можело да биде донесена конечна одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ