сабота, 27 јули 2024

Летонски министер: Балтичко Море ќе биде езеро на НАТО, мораме да ја сопреме Русија

Балтичко Море, на кое излез има и Русија, ќе стане „езеро на НАТО“, кога Финска и Шведска ќе станат членки на западниот воен пакт, а на Западот му е потребна долгорочна стратегија да ја заузда Русија, кажа летонскиот министер за надворешни работи Кришјанис Каринш, истакнувајќи дека „Москва ќе бара нови мети без оглед на исходот на нејзината инвазија на Украина“.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот летонски премиер и самопрогласен кандидат за шеф на НАТО истакна за Фајненшал тајмс дека и покрај очигледните експанзионистички тежнеења на Алијансата за кои и самиот зборува, Русија е таа која има „идеологија заснована на империјализам“, што значи дека Москва би била закана дури и под нов претседател, па дури и ако Украина ја врати целата своја територија.

„Русија нема да се сопре сама. Русија мораме да ја сопреме. Сопирањето на Русија во Украина не значи дека е готово. Тоа едноставно значи дека ќе мораме да продолжиме. Она што е важно за НАТО е да работиме на долгорочна стратегија за зауздување на Русија“, кажа Каринш.

Летонија, заедно со Естонија и Литванија, драматично го зголеми своето воено трошење откако Русија го припои Крим во 2014. Целта на таа земја е до 2027 година да ги покачи вложувањата во војската на три отсто од БДП и така да ја надмине целта на НАТО од два отсто.

Каринш кажа дека НАТО треба да ги зголеми капацитетите и „интероперабилноста“ на својата одбранбена индустрија, за да обезбеди стандардизација на различните системи на вооружување и така да овозможи поголема поделба на муниција и артилерија меѓу сојузниците.

„Кога војната ќе заврши, воената машина ќе почне да се обновува. Ќе сака да провоцира и да прави тешкотии на својата граница. Тоа го знаеме. Затоа мораме на страната на НАТО да бидеме сигурни дека веројатноста за какви било инциденти едноставно ќе биде исклучена со нашата решителност, нашите вложувања во одбраната“, додаде тој.

Русија, како што наведе Каринш, не е проблем само во Украина и за Украина, туку претставува опасност за цела Европа.

„Ако Украина ја врати својата територија, Русија и понатаму ќе претставува закана. Тоа значи дека долгорочно мораме да го прилагодиме размислувањето“, кажа летонскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ