„В четврток јас и целата влада ќе ја поднесеме мојата оставка до претседателот“, рече Каринс денеска на прес-конференција. Тој исто така рече дека се надева дека ќе може да ја реконструира владата откако коалициските партнери го отфрлија неговиот предлог за промени во кабинетот, пренесе новинската агенција БНС.
Партијата на Каринс во оваа членка на Европската Унија од 1,9 милиони жители владееше со помош на конзервативната Национална алијанса и Обединетата листа на помали партии, кои ѝ дадоа мало парламентарно мнозинство. Односите во коалицијата се влошија откако таа не успеа да се договори за заеднички кандидат за претседателските избори во мај.
Каринс не успеа да привлече други партии во својата влада. Десничарската партија на Каринс Ново единство треба да избере кандидат за нов премиер оваа недела, а потоа претседателот Едгарс Ринкевичс ќе му даде мандат да формира нова влада. Новата коалиција треба да ја добие довербата на мнозинството во парламентот. Следните избори во Летонија се најавени за 2026 година.