сабота, 27 јули 2024

Летонија се заканува дека ќе го затвори Балтикот за руските бродови

На руските бродови може да им биде оневозможено поминувањето низ Балтичко Море ако истрагата открие вмешаност на Москва во оштетувањето на гасната инфраструктура, изјави летонскиот претседател Едгарс Ринкевич.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се потврди некаков вид одговорност на Русија или некоја друга земја, а малку е веројатно дека е некоја друга држава. Тогаш ќе разговараме за можноста да го затвориме Балтичко Море за сите руски бродови“, кажа Ринкевич.

Според него, такви разговори сè уште не се водат, бидејќи за заклучоците е потребно „да се причекаат конкретни и јасни резултати од истрагата“, но дека засега „адекватен и избалансиран чекор е јакнење на НАТО патролите на Балтикот“.

„Во контакт сме со претседателите на Естонија и Финска. За тоа прашање се разговара на ниво на премиери. Всушност, вистинскиот одговор е зголемување на НАТО патролите, но би кажал дека во овие услови тоа е неопходно“, додаде Ринкевич.

Шведскиот министер за одбрана Карл Оскар Бохлин кажа во вторникот дека е оштетен телекомуникацискиот кабел меѓу Естонија и Шведска. Според него, кабелот е оштетен истовремено со гасоводот Балтикконектор.

Финските граничари го откриле наводното место за намалување на притисокот во територијалните води на таа земја. Централната криминалистичка полиција смета дека „штетата е веројатно направена намерно“.

Балтикконектор е гасовод долж дното на Финскиот залив долг околу 80 километри меѓу Финска и Естонија.

Двете земји имаат компресорски станици и рути за транспорт на гас на копното, кои го поврзуваат гасоводот со транспортната мрежа на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ