сабота, 27 јули 2024

Летонија го избра својот прв отворено геј претседател

Објавено на

часот

Сподели

На позицијата шеф на летонската дипломатија беше од 2011 година, во следните четири години 49-годишниот политичар ќе биде шеф на државата членка на ЕУ и НАТО, откако актуелниот претседател Егилс Левитс одлучи да не се кандидира за втор мандат.

„Ќе направам сè за нашата земја да напредува и да биде безбедна“, кажа Ринкевиц по гласањето во парламентот.

Тој кажа дека е геј во 2014 година, како прва истакната политичка личност во земјата која го направила тоа.

Претседателот на Летонија го бираат пратениците, а неговата улога е главно церемонијална.

Рига цврсто ја поддржува Украина во борбата против Русија, залагајќи се за влегување на Киев во НАТО и ЕУ. Уште како министер за надворешни работи, Ринкевиц ја спореди Русија со нацистичка Германија во 2015 година, истакнувајќи дека со Москва мора поостро.

Пред да стане министер за надворешни работи, Ринкевиц работел како аналитичар на странски вести на радио, како и за министерството за одбрана и кабинетот на претседателот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ