сабота, 27 јули 2024

Леталата за гасење на пожар нема да се активираат, локализиран е огнот кај дебарско

Локализирани се пожарите кои беснееја во дебарско и нема потреба од интервенција од воздух. Активен е само уште еден пожар, од помал обем, во селото Бомово, информира Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

Објавено на

часот

Сподели

„Со максимални напори во текот на ноќта беа локализирани пожарите во регионот на селото Татар Елевци, Сушица, Бомово и Коњаре. Моментно интервенираме на еден пожар во Бомово. Во регионот на Татар Елевци гореше сува вегетација и ниско стеблеста шума а во останатите села сува вегетација и костенови насади. Интервенцијата ни ја отежнуваше непристапниот терен“, додаде Мифтароски.

Според него, во регионот на Татар Елевци зафатена била површина од 30 хектари, додека во Бомово, Сушица и Коњаре околу 20 хектари.

Во гаснењето на пожарите освен пожарникарите биле вклучени и вработени од шумска полиција и од подружницата Стогово на Национални шуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ