четврток, 24 октомври 2024
Лига на шампиони

Ленс ја елиминираше Севиља од Европа (ВИДЕО)

Ленс со 2-1 ја победи Севиља и продолжува во Лига Европа, во осминафиналето од Лигата на шампионите одат ПСВ и Арсенал кој одиграа 1-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

Заврши групата Б во Лигата на шампионите, од неа Арсенал и ПСЖ продолжуваат во осминафиналето, Ленс оди во Лига Европа, а Севиља закована на дното го заврши настапот во европските натпреварувања за оваа сезона.

Интересно беше во Франција каде Севиља до последните моменти бркаше победа која ќе ѝ донесеше трето место.

Во 63. минута Ленс доби пенал, го реализираше Франковски за водство на домаќините од 1-0.

Десетина минути подоцна Севиља доби пенал. Рамос прво промаши, но голманот на Ленс не ја газеше линијата, па ударот од белата точка беше повторен. Овојпат Рамос со паненка погоди и израмни на 1-1.

Севиља со сите сили се обидуваше да дојде до победа, па по една контра во 96. минута прими гол и Ленс го доби дуелот со 1-1.

Ленс со триумфот можеше да стигне и до осминафиналето од Лигата на шампионите, но требаше ПСВ да загуби од Арсенал, тоа не се случи.

Нкетија во 42. минута донесе водство за Арсенал, по пет минути игра во вториот дел Вертесен го изедначи резултатот на 1-1.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ